четврток, 14 февруари 2008

Smart Draw 2008



„Паметен“ асистент

Сте се запрашале ли некогаш дали има апликација која би ги споила архитектите, докторите, адвокатите, бизнисмените на едно место. Не, баш во буквална смислаJ . Но, токму докторите, адвокатите, бизнисмените мечтаат за една таква апликација, преку која би можеле да ги подредат сите свои пациенти во еден графикон, да ја измерат процентуалната застапеност на производите во некој маркет.. Таква апликација е SmartDraw 2008. Се надеваме дека ќе ве увериме, дека сите ја сакаат.

Оваа апликација е kako и повеќето кои излегуваат во последно време, којашто не е во сопственост на Microsoft, а го има познатиот интерфејс на новиот Office 2007. Сите вие кои сте го „разработиле“ Office 2007, ќе немате никаква пречка да го совладате SmartDraw 2008, на брз и лесен начин. Додека, пак, оние кои немале можност да се сретнат со Office 2007, уште веднаш да им кажеме дека нема место за паника. Интерфејсот е многу лесен, прегледен, и сите ваши проекти ќе ги изработите само во три чекори. Имено, интерфејсот е поделен на три панела. Левиот, кој е вертикален е местото наменето за проекциите, кои верувајте ги има премногу. Нормално, затоа оваа апликација е како за домашна, така и за канцелариска употреба. Средниот (главен) или Smart панел, е големиот простор каде што вие ќе можете да изберете еден од понудените темплејти и да го едитирате. Горниот дел е местото за менито со алатки, или новиот назив Ribbon tab. Тука се наоѓаат веќе познатите копчиња Home, Design, Insert, Page, Table, Chart, Picture и Help, со подобрени визуелни икони за ваша поголема прегледност во работата. Над нив се наоѓаат копчињата за експортирање на вашите документи во .doc, .ppt, .xls или PDF формати. Левиот панел е поделен т.е категоризиран според крајните корисници. Поделбата е изразена преку две копчиња Standard и Activities. Во секцијата Standard прва опција е Calendars. Со оваа опција можете да направите календари, со едноставно вметнување на ваши слики и ваши текстови. Календарите може да бидат поделени на академски, годишни и фото-календари. Следна опција се графиконите (Charts). Оваа опција е далеку понапредна од Office 2007. Сега ќе можете да го направите својот графикон, дијаграм во само три чекори. Со помош на SmartTemplate технологијата, вие ќе треба само да го изберете темплејтот, да ги внесете потребните информации во Smart панелот, без потреба од Excel табели; и SmartDraw 2008 ќе го направи графиконот наместо вас. Секако, ќе имате можност да го исполнувате графиконот, боите и да вметнувате текстури. Опцијата која ќе ги таргетира докторите се вика Family Trees. Тука генетичарите ќе бидат во можност без проблем да нацртаат родословно дрво, и без мака да ги објаснат причините (носителите) на болеста во семејството. Floor Plans е следната опција од која градежните архитекти ќе бидат многу задоволни. Има планови за кујни, ресторани, училници, факултети, хотели.. Добра работа е што ќе можат да ги нацртаат нивните визии, на многу лесен начин со помош на моливчето и линијарот. Flow Charts и Organization Charts ќе ви се најдат во многубројните секојдневни обврски, да испланирате по кој редослед ќе ги завршите. Landscape Plans e уште една опција за уредување на домот, или поточно кажано за уредување на дворот. Тука ќе имате на располагање разни фонтани, тревници, и сето тоа, пред да биде конечно изработено во вашиот двор. SmartDraw 2008 има опција и за набљудување на светските мапи. Тие се поделени во неколку категории, и тоа: тематски мапи, маркетиншки мапи, светски мапи и мапи на САД. Со помош на Google Maps, илустрациите на мапите ќе бидат со GPS координати, граници, речни подрачја за ваша подобра прегледност. Веб-дизајнерите не се исклучени од листата на SmartDraw 2008. Во секцијата Web Design ќе имате на располагање многу Page Layouts и Site Maps. И почетниците во Веб дизајнирањето, ќе се чувствуваат како вистински професионалци со оваа „паметна“ апликација.

Опции многу – простор за пишување малку. Се надеваме дека ве уверивме дека SmartDraw 2008 е апликација погодна за сите вас. За бизнис светот, за докторите, за градежниците, за адвокатите и за сите оние на кои денот им започнува и завршува пред компјутер.

Дејан Зафировски



ЕНТЕР 32

Нема коментари: