четврток, 14 февруари 2008

Corel Painter Essentials 4



Есенцијално потребна

Спојот помеѓу убавото и корисното, раѓало вредности погодни за самопосакување на човекот како личност. Така се создадени и најголемите уметнички ремек дела на човештвото. Таков е и спојот помеѓу Photoshop и Illustrator. На сметка на овој спој вредните раце од Corel го спакуваа новото чедо Painter Essentials 4. Апликација погодна за сите оние ентузијасти, уметници на кои сликањето им е главна професија.

Сликарството уште од дамнешно време опстојувало и се развивало. Самиот факт за сликите кои се нацртани на карпите во Франција и Хрватска од неандерталецот лично, докажува колку бил развиен човековиот креативизам. Во денешно време сликите имаат посебен лик. Со развитокот на компјутерската технологија, многу повеќе се внимава на развитокот на сликарството и на надежните сликари кои вешто го владеат “изумот на иднината”. Оваа апликација го доловува оној Photoshop фазон, којшто сите ние го знаеме, со таа разлика што иконите коишто се наоѓаат во самата работна околина, се убаво стилизирани и прегледни, па и оние кои се аматери во оваа област брзо и многу лесно ќе се снајдат. Работната околина е поделена на 3 странични панела кои се наменети за менијата со алатки, а средниот (главен) панел е местото одредено за вашата фантазија. Горното мени со алатки од левата страна ги има веќе познатите алатки: Undo, Redo, Freehand, Stright Line, слајдерите за контраст на сликата и за длабочина на боите, додека од десната страна се копчињата со кои се менува вашата работна околина. Тие се Photo Painting (цртеж над слика) и Photo & Painting. Од левата страна се наоѓа вертикално мени со алатки. И таму ги има веќе стандарднизираните копчиња гума, моливче, четка, зум, сечење. Десниот панел служи за разгледување на оригиналната слика, со таа можност што може да ја работите во посебен слој (layer) во средниот панел. На десниот панел се наоѓа и копчето за Auto – Painting, односно Авто – цртање. Start копчето служи за стартување на оваа опција, додека Stop копчето ќе го употребите за да ја запрете. Во Photo & Painting има многу ефекти, од кои како најсовремени и најупотребувани ќе ги споменеме ефектот на дрво, фокус ефектот, Esoterica, светлинскиот ефект, текстурниот и секако, најновиот Van Gogh ефект. Photo Painting табот служи за менување на боите на вашиот цртеж, техниката на цртaње и нормално четкичките. Кога веќе сме кај четкичките, да не заборавиме да ви кажеме дека ново во Corel Paiter Essentials 4 е опцијата Ghost Brush. Овој дух ви го претскажува секое ваше движење на глувчето и ве предупредува за можните грешки. Но, не е се во четкичките. Има и моливче J. Во Photo & Painting табот има два начина да ја употребите на максимално можно ниво работната околина. Палетата со бои ви нуди 88 бои кои можете да ги мешате со што би ја постигнале вистинската боја која вам највеќе ви одговара. Исто како што ги мешаат боите најпрофесионалите сликари. Боите се погодни за разни сликарски тeхники како што се масло на платно, стакло, дрво и секако графика. Инвентивната технологија на Corel koја се нарекува Smart Stroke, го покачува нивото на реализам на сликите. За оние сликари, или оние кои се прокламираат дека се дигиталните сликари на иднината, мора да знаат дека освен со глувче може да се црта и на дигиталните подлоги со моливче. Па повелете.

Сите вие што сакате да сликате со камера, ученици и професори по уметност, ентузијасти и надежни сликари, и сите вие кои барате убав спој помеѓу Photoshop и Illustrator, токму Corel Painter Essentials 4 е апликацијата без која верувам дека не ќе можете.

Дејан Зафировски

ENTER 31

Нема коментари: