четврток, 14 февруари 2008

Mozilla Firefox 3 Beta 1



Како нова!

Еволутивниот тим на “огнената лисица” или Mozilla Firefox, ни ја претставува третата верзија од овој интернет прелистувач. Сеуште е во Beta фаза, но ние ќе ви ги претставиме подобрувањата што се направени во оваа долгоочекувана трета верзија.

Mozillа Firefox во времето што измина, а и времето што следува е еден од најчесто користени веб-прелистувачи во светот. Тоа се должи највеќе на намалените хардверски побарувања, за разлика од неговите конкуренти а и подобрата прегледност во самата околина. Новата верзија е со кодно име Gran Paradiso, и е работена според платформата Gecko 1.9, којашто е веб-рендерирачка платформа, за побрза реакција на системот, кон интернет страниците коишто се фото-ориентирани. Станува збор за сликите со поголеми резолуции и нивното многу брзо вчитување од страна на постари компјутерски системи. Тајната на оваа платформа е во помалата потрошувачка на RАМ меморијата и помалата фрагментација на истата. Mozilla Firefox 3 e развивана според барањата на крајните корисници, т.е ние. Новата верзија е повеќе ориентирана кон сигурносните мерки, како што се Malware protection, SSL error pages, Anti-virus интегрирани за ваша поголема безбедност. Кога станува збор за сигурноста мора да споменеме дека ќе имате на располагање една иконка којашто се наоѓа лево во Location Bar, и може да видите во чија сопственост е тој сајт. Исто така ќе имате можност да ги скенирате старите Аdd-on и Plugin eкстензии, да проверите дали се малициозни и да ги инсталирате новите верзии. Интегрираниот анти-вирус ќе ве штити секој пат кога ќе се обидете да download-ирате некоја апликација , секако, ако е инфицирана. Се водело сметка и за новиот Vista. Firefox 3 ги исклучил parental контролите за несакано download-ирање. Лесната интеракција со Моzilla Firefox 3 e проследена со лесното менаџирање на вашите лозинки; новиот интегриран Download Manager, којшто е двапати побрз и може да го зачува она што сте го паузирале за download-ирање, а сте морале да го исклучите компјутерот. Сеуште можете да ги бришете разните Plugins и Add-ons, кои не ви се потребни, а тука е и можноста да го зачувате ва посебен tab она што претходно сте го работеле во Firefox 3. Интегрираната Vista тема е само доказ за она што претходно го напишавме; a тоа е дека се работело многу и на Vista корисниците. Full Page можноста ја има и во тројката, со веќе стандарнизираните shortcut-ови на тастатурата, меѓутоа со подобрени рендерирани страни, текстови и сликички. Mozilla Firefox 3, како и другите прелистувачи ги има менито со алатки и address bar. Во горниот дел на не многу изменетиот интерфејс, односно до копчето Go, од десната страна на address bar-oт се наоѓа копчето Star (ѕвезда), коешто служи за обележување на вашите омилени страници. Во Tools секцијата ќе бидете во можност да ги направите вашите сетирања во врска со Моzilla Firefox 3. Во Тооls ја има опцијата DOM Inspector, којашто има задача да ги напише преголемиот број на линиски кодови потребни за една HTML страна. Нова можност во File, ќе биде опцијата да се зачува веб-страната како сликичка во некој од познатите формати.

Со оглед на тоа што ова е почетна верзија на Beta фазата, мора да знаеме дека ќе има уште работење, уште подобрувања, и пред се, нови корисници на Mozilla Firefox 3. Интеграцијата во Linux и Mac OS X системите, и целосната Windows поддршка, докажува колку еволутивниот тим од Моzilla e во состојба да се искачи повторно на тронот.

ENTER 31

Нема коментари: