четврток, 14 февруари 2008

Ad-Aware 2007 Professional

Malware, Spyware, Adware… до кога?



Ad-Aware 2007 e уште една апликација која не заштитува од преопасните adware-и, spyware-и и мalware-и, и е едно од подобрите изданија на Шведската компанија Lavasoft, со примена на најновите технологии за безболно отстрaнување од вашиот систем.

Многупати сме пишувале за разни malware-и, spyware-и, малициозни софтвери од кои боли глава, и кои само не преплавуваат и не не оставаат мирно да спиеме, и да си уживаме во придобивките на новото време секако мислам на нашите музи, нашите најголеми инспирации за продолжение на остатокот од животот, нашите свети компјутери. Не ме сваќајте погрешно, ама има многу поважни работи на светот од компјутерите. Добро познатата компанија Lavasoft од Шведска, цела година макотрпно работеше за да спакува токму еден производ за широка примена во секој домен од човештвото, а кога мислам на човештвото, мислам на канцелариите, институциите на системот и секако, во нашите домови. Аd-Aware нема да биде во расправии со другите антивирусни апликации, а и не се однесува како антивирусна програма. Значи, Lavasoft добро се потрудиле за нивното ново чедо кое се вика, стандардно Аd-Aware 2007, но со наставка Pro, a oсвен Professional, ja има и бесплатната верзија, но без наставка Pro. Би ви препорачал уште веднаш да и направите upgrade во Pro. Како што веќе спомнавме Lavasoft во текот на летниот период го издаде Ad-Aware 2007 Pro. Еве ви можност поблиску да се запознаете со него. Веднаш по инсталирањето на Ad-Aware 2007 во Program Files ( по дефиниција ), и креирањето на shortcut на десктопот ќе бидете во можност да го стартувате програмот. Ќе ве пречека интересен интерфејс, кој не верувам дека ќе ги збуни и неискусните во оваа област. Од левата страна ( панел ) се наоѓаат веќе познатите Scan, Settings, Ad-Watch, и некои други со кои сега за првпат се запознаваме .Средниот прозорец, или главниот панел ни ги дава разните опции за навигација низ програмата. Првата опција од лево или Status, ни покажува колку инфицирани фајлови биле пронајдени во текот на последното скенирање или воопшто, станувајќи збор и за предходните скенирања. Тука има можност за прегледување на целосните скенирачки процеси, кое време било последното скенирање, кој ден, и слично, и сето тоа може да биде сочувано во посебен Log file во My documents, а по ваша желба може да го сместите и било каде. Втората опција е Scan, би рекол најпаметната и најпотребната опција што ви треба за вашите компјутери. Во главниот панел има два дела, едниот е делот за скенирање, а другиот - помал дел, е опција за давање на наредба на програмот во колку часот и кој ден во месецот, неделата да изврши скенирање, или опција позната како Scheduling. Поголемиот дел во средниот панел е оној за длабоко скенирање ( Full Scan ), брзо скенирање ( Smart Scan ) или желбата на корисникот за посебните фајлови или драјвови кои сака да ги скенира ( Custom Scan ). Новиот енџин на Ad-Aware 2007 дава оптимални услови и голема продуктивност кога станува брзото скенирање ( Smart Scan ), Advanced Code Sequence технологијата, од друга страна, дава многу подобри резултати, кога станува збор за скриените датотеки, архивирани фајлови и скриени spyware-и ( Full Scan ). Трета секција по ред е Аd-Watch. Токму поради оваа опција ви споменавме дека е подобро да ја имата Pro варијантата на Ad – Aware 2007, објаснувајќи го фактот дека во бесплатната верзија оваа секција ја нема, а има толку многу подменија за ваша понатамошна интеракција со апликацијата. Тука има доста за работење и чистење. Како што кажавме на почетокот Ad-Aware 2007 има многу лесен интерфејс, па ист е случајот и со Ad-Watch, така што нема да имате некои поголеми потешкотии. Првата опција од лево е Status, и е истото што го опишав и во главниот Ad-Aware ( нели Ad-Watch е подмени на Ad-Aware ). Втора опција е Reg Shield, поточно тоа е штитот за регистрите, кој е толку многу развиен, така што никакви несакани гости нама да можат да го пробијат. Трето по ред подмени во Ad-Watch е Processes, кој ви кажуваа, т.е ве информира за моменталните процеси во системот и за можните малициозни работи што би ја успорувала неговата работа. Нешто слично како Task Manager во Windows-от ( Ctrl+Alt+Delete ). Четвртата, исто така корисна работа во Ad-Watch e Connect. Со оваа опција вие избирате која интернет страница ќе ја изберете ( нормално ) , а штитот сето време додека сурфате, ќе биде активен. Track Sweap е новата опција во Ad-Watch, и воопшто во Ad-Aware 2007. Новото издание овозможува лесно бришење на вашите траги од сурфањето по интернет, и прелистувачите кои вие ги користите, а и непотребните сетинзи на веќе деинсталираните програми, а кои се уште останати во регистрите и чекаат да се избришат. Опцијата која толку многу и даде до знаење на светската IT јавност дека Lavasoft се професионално ориентирани кон целовкупен – во права смисла на зборот, производ за целосна контрола врз системот, е System Restore Point, нешто слично како и истоимената опција во самиот оперативен систем, што би значело дека вие треба да сте 100 % сигурни дека вашиот систем ќе биде послушен, без страв дека иако, по чистењето би можеле да избришете некој инфициран фајл кој бил по дефиниција инсталиран во Windows – от. Со оваа опција иако би можело сето тоа да се случи, вие ќе бидете во можност да го вратите системот во провобитната состојба, пред да ви се случи несаканото бришење. Последното подмени е Settings. Тука имате можност да штиклирате повеќе ситуации, на пример, Ad-Watch да стартува со самото подигање на системот, да стартува минимизирано и слични сетинзи за кои вие, секако ќе бидете одговорни. Да се вратиме на главниот Ad-Aware 2007. После Ad-Watch во левиот панел, како четврта секција е Web Update, за која нема потреба од некое посебно објаснување, само тоа дека треба повремено да вршите апдејтувања, но доколку имате широко појасна интернет конекција, апликацијата ќе ги направи сите потребни дефиниции наместо вас. На ред е опцијата Tools and Plugins. Оваа опција содржи алатки и плагини. Во алатки се содржани Track Sweap ( којашто малку погоре ја опишавме во Ad-Watch ) и Host File Editor, којашто опција има за цел да ги активира или деактивира околните сервери, ако сте вмрежени ( LAN ). Последни во Аd-Aware сe сетинзите (Settings). Тука се и разните побарувања на корисникот, во смисла на Automatic Update, менување на скин, автоматски скенирања, креирање на Log file и слично.

Аd-Aware 2007 Professional e апликација која без размислување треба да ја имате инсталирано во вашите домашни миленичиња , за да ги оставите да бидат понизни слуги на вашите побарувања и желби, и секако, да ве заштитат од секојдневните опасности кои ве демнеат во светската глобална мрежа.


ЕНТЕР 29


Нема коментари: