четврток, 14 февруари 2008

LG VX 8550 Chocolate



МАМО, МОЖЕ УШТЕ ЕДНА КОЦКИЧКА...ЧОКОЛАДО?

Од насловов можно е многу работи да ги заклучите, или барем би можеле да ги претпоставите. За што ли можел авторот да пишува? Сигурно не би пишувал за Милка или Нестле чоколада (пред малку ја изедов Милката), него, знaете ли што е тоа чоколаден мобилен телефон? Тоа е мобилен што е потопен во чоколада и е спремен да го изедете. Би требало да е така, ама не. Сега уште едно прашање: се сеќава ли некој на LG KG 800? Слаткото, убаво, неодоливо искушение на LG. Неговото новородено братче (спакувано чоколатце), ќе имате можност да го запознаете одблизу во “списанието кое сите го разбираат”. Тоа се вика LG VX 8550 Chocolate.

LG VX 8550 е новиот 3G мобилен телефон на мегапопуларната чоколадна серија на уште попопуларната и екстремно продуктивна корејска компанија LG. Иако постарото братче веќе има една година, не е многу поразлично од неговото новородено братче. Сепак, крвта не е вода, нормално е да си личат. Несомнено, е дека мораат да се пишуваат разликите и сличностите и на двата модела (иако ги има еден куп такви), сепак, чоколадната серија е таа што ги поврзува. LG VX 8550 го има она што го имаше и неговиот предходник, тоа по што ги прави уникатни, а тоа е тастатурата и екранот осетливи на допир (touch screen). Ако со постариот можно е да сте имале извесни проблемчиња, со навигација низ менито, поради не толку преосетливата тастатура, со новиот VX 8550, тоа е средено. LG вметнал вибрациски момент (feedback) т.е кога ќе треба тастатурата да биде осетлива, исто така и вие ќе го осетите копчето под вашиот прст, и ќе знаете точно дали сте притиснале, без да ги почувствувавте на своја кожа, можните фрустрации. Уште нешто по што е уникатно чоколадото, е слајдерот. Тој е толку упростен, тивок и лесен (без поголемо напрегање на вашиот прст ќе го придвижите), што не беше случај со постариот модел. Уште оваа сличност/разлика ќе ви ја кажам и нема веќе, па нели LG VX 8550 е уникат сам за себе. Ако во луксузно спакуваниот пакет на LG KG 800, имаше, футрола, резервна батерија, полнач, USB кабел ,CD со софтвер и стерео слушалки, во LG VX 8550 нема да има скоро ништо од тоа, освен луксузно спакуваниот пакет и резервната батерија. Ако сакате да ги имате и останатите работи, ќе можете да бирате меѓу Music Set и Music Essential, кои ќе ги платите прилично скапо (не ви ја откривам цената). И двата сета би можеле да ви се исплатат, ако сакате Bluetooth стерео слушалки и 4GB microSD мемориска картичка. Ваше е да одберете. Сепак, неизоставно морам да кажам дека телефонот има интерна меморија од 62 МB. Димензиите на LG VX 8550 се 97x47x17mm. Oпишувајќи ја touch screen тастатурата, заборавив да нагласам дека има и механички џојстик, сличен на iPod, со што повторно е запазена touchscreen архитектурата. Задниот дел е наменет за 1.3 мегапикселната камера (читај подолу), а на десниот дел има слот за мемориска картичка и shortcut копче, наменето за mp3 плеерот.Чоколадото од надвор е слатко, но внатрешноста е приказна сама за себе. Големиот 2.2 инчен екран е просто вчудоневидувачки. Покажува 262 К бои, со резолуција од 240x320 пиксели, вклучувајќи 11 линии за пишување на текст. Гледањето на сликите и видео материјалите се вистинско задоволство и уживање, доколку не е изложен на сончева светлина. Можете да менувате теми, фонтови и формат на часовникот. Моќниот МP3 плеер и моќниот звучник, се уште една одлика на слаткото чудо. 1.3 мегапикселната камера е исто така уште една гордост на LG VX 8550. Вклучува три модови на сликање: обична слика (со резолуција од 1280x960, 640x480, 320x240), self-timer и снимање видео. Квалитетот на сликата е прилично зачудувачки совршена.White balance-от и ефектите за боја не се однесуваа негативно на квалитетот на сликата, напротив, сликата со овие опции беше жива и полна со детаљи. Постои и 2х zoom за сликите со помала резолуција. Видео рекордерот е квалитетен но не може многу да се очекува од 1.3 мегапикселната камера. Како помошно средство на камерата е блицот. Сепак, поддржани се MPEG4, MOV и 3GP форматите. Медија плеерот ги поддржува mp3, WMA, AAC форматите и има предефинирани стилови во еквилајзерот, визуелизации, а ја има и можноста за креирање на сопствени плејлисти. Како дополнителни, но сепак нормални функции се вклучени 500 броја во именикот, калкулатор, caller ID, MMS, world clock, e-mail, instant messaging, а сето тоа ги надополнува WAP 2.0 и HTML прелистувачот. Телефонот работи на 3G мрежа и dual band мрежа (CDMA 800/1900 и EV-DO). Во телефонот нема инсталирано јава игрички, но нив можете да ги симнете од Verizon сервисот, кој што сервис овозможува даунлодирање на песни, видеа и разни други аликации со помош на EV-DO технологијата. EV-DO (Evolution data only) е новиот upgrade на 3G мрежата, а всушност е broadband wireless екстремно брз интернет, со брзини од 500К до 800К и брзини на аплодирање од 300kbps до 400kbps, што во превод значи, даунлодирање на песна од 7MB ќе биде извршено за 1 секунда. Екстремно брзо, нели? ЕV-DO технологијата поопширно ќе ви ја претставиме во некој од нарендните броеви на Ентер. LG VX 8550 ќе има стандардна Li-lon-ска батерија со капацитет од 950 mAh, или 4h во разговор, или 14 дена во standby режим.

Толку...А, јас мислев дека ќе пишувам уште, ама се надевам дека се ви е кристално јасно. Се додека...не го пробате чоколадово LG VX 8550 и цел живот го чувствувате тој вкус на нешто слатко и убаво, каде и да одите, што да правите.

Нема коментари: