МАМО, МОЖЕ УШТЕ ЕДНА КОЦКИЧКА...ЧОКОЛАДО?
LG VX 8550 е новиот 3G мобилен телефон на мегапопуларната “чоколадна” серија на уште попопуларната и екстремно продуктивна корејска компанија LG. Иако постарото братче веќе има една година, не е многу поразлично од неговото новородено братче. Сепак, “крвта не е вода”, нормално е да си личат. Несомнено, е дека мораат да се пишуваат разликите и сличностите и на двата модела (иако ги има еден куп такви), сепак, чоколадната серија е таа што ги поврзува. LG VX 8550 го има она што го имаше и неговиот предходник, тоа по што ги прави уникатни, а тоа е тастатурата и екранот осетливи на допир (touch screen). Ако со постариот можно е да сте имале извесни “проблемчиња”, со навигација низ менито, поради не толку “преосетливата” тастатура, со новиот VX 8550, тоа е средено. LG вметнал вибрациски момент (feedback) т.е кога ќе треба тастатурата да биде осетлива, исто така и вие ќе го осетите копчето под вашиот прст, и ќе знаете точно дали сте притиснале, без да ги почувствувавте на своја кожа, можните фрустрации. Уште нешто по што е уникатно чоколадото, е слајдерот. Тој е толку упростен, тивок и лесен (без поголемо напрегање на вашиот прст ќе го придвижите), што не беше случај со постариот модел. Уште оваа сличност/разлика ќе ви ја кажам и нема веќе, па нели LG VX 8550 е уникат сам за себе. Ако во луксузно спакуваниот пакет на LG KG 800, имаше, футрола, резервна батерија, полнач, USB кабел ,CD со софтвер и стерео слушалки, во LG VX 8550 нема да има скоро ништо од тоа, освен луксузно спакуваниот пакет и резервната батерија. Ако сакате да ги имате и останатите работи, ќе можете да бирате меѓу Music Set и Music Essential, кои ќе ги платите прилично скапо (не ви ја откривам цената). И двата сета би можеле да ви се исплатат, ако сакате Bluetooth стерео слушалки и 4GB microSD мемориска картичка. Ваше е да одберете. Сепак, неизоставно морам да кажам дека телефонот има интерна меморија од 62 МB. Димензиите на LG VX 8550 се 97x47x17mm. Oпишувајќи ја touch screen тастатурата, заборавив да нагласам дека има и механички џојстик, сличен на iPod, со што повторно е запазена touchscreen архитектурата. Задниот дел е наменет за 1.3 мегапикселната камера (читај подолу), а на десниот дел има слот за мемориска картичка и shortcut копче, наменето за mp3 плеерот.”Чоколадото” од надвор е слатко, но внатрешноста е приказна сама за себе. Големиот 2.2 инчен екран е просто вчудоневидувачки. Покажува 262 К бои, со резолуција од 240x320 пиксели, вклучувајќи 11 линии за пишување на текст. Гледањето на сликите и видео материјалите се вистинско задоволство и уживање, доколку не е изложен на сончева светлина. Можете да менувате теми, фонтови и формат на часовникот. Моќниот МP3 плеер и моќниот звучник, се уште една одлика на слаткото чудо. 1.3 мегапикселната камера е исто така уште една гордост на LG VX 8550. Вклучува три модови на сликање: обична слика (со резолуција од 1280x960, 640x480, 320x240), self-timer и снимање видео. Квалитетот на сликата е прилично зачудувачки совршена.White balance-от и “ефектите за боја” не се однесуваа негативно на квалитетот на сликата, напротив, сликата со овие опции беше жива и полна со детаљи. Постои и 2х zoom за сликите со помала резолуција. Видео рекордерот е квалитетен но не може многу да се очекува од 1.3 мегапикселната камера. Како “помошно” средство на камерата е блицот. Сепак, поддржани се MPEG4, MOV и 3GP форматите. Медија плеерот ги поддржува mp3, WMA, AAC форматите и има предефинирани стилови во еквилајзерот, визуелизации, а ја има и можноста за креирање на сопствени плејлисти. Како дополнителни, но сепак нормални функции се вклучени 500 броја во именикот, калкулатор, caller ID, MMS, world clock, e-mail, instant messaging, а сето тоа ги надополнува WAP 2.0 и HTML прелистувачот. Телефонот работи на 3G мрежа и dual band мрежа (CDMA 800/1900 и EV-DO). Во телефонот нема инсталирано јава игрички, но нив можете да ги симнете од Verizon сервисот, кој што сервис овозможува даунлодирање на песни, видеа и разни други аликации со помош на EV-DO технологијата. EV-DO (Evolution data only) е новиот upgrade на 3G мрежата, а всушност е broadband wireless екстремно брз интернет, со брзини од 500К до 800К и брзини на аплодирање од 300kbps до 400kbps, што во превод значи, даунлодирање на песна од 7MB ќе биде извршено за 1 секунда. Екстремно брзо, нели? ЕV-DO технологијата поопширно ќе ви ја претставиме во некој од нарендните броеви на Ентер. LG VX 8550 ќе има стандардна Li-lon-ска батерија со капацитет од 950 mAh, или 4h во разговор, или 14 дена во standby режим.
Толку...А, јас мислев дека ќе пишувам уште, ама се надевам дека се ви е кристално јасно. Се додека...не го пробате чоколадово LG VX 8550 и цел живот го чувствувате тој вкус на нешто слатко и убаво, каде и да одите, што да правите.