четврток, 14 февруари 2008

Autodesk Combustion 2008


Комбинирано задоволство

Реномираната канадска компанија Autodesk, го претстави новото издание Combustion со наставка 2008. Според многумина најбараната, најпосакуваната и најпродаваната апликација од светот на визуелните ефекти, графиката и дигиталното цртање. Во Ентер ќе имате можност да ги видите новите имплементирани технологии во новиот Combustion 2008.

Оваа апликација како што веќе кажавме на почетокот e наменета исклучиво за професионалните дигитални артисти. Погодна е за разните реклами, Flash проекти и други презентации наменети за медиумите. Цената од 995$ потврдува само колку е професионално ориентирана. Секако, во Ентер DVD, ќе ја имате Trial верзијата, па секој кој смета дека е доволно креативен, може да ја земе креативноста во свои раце. За разлика од Combustion 4 (претходната верзија), во оваа верзија како примарна опција е вметната Colour Warper. Функцијата на оваа опција е селективната колор корекција; брзите промени на gain, gamma, saturation и контрастот; интуитивната промена на бојата со вметнатите тркалца во самата работна околина и 3D хистограм за прецизен колор мониторинг. Лесниот интерфејс ќе ви овозможи брзо и лесно прилагодување во работната околина, чија пренатрупаност од преголемиот број на табови ќе зависи само од вас. Интерфејсот е поделен на три панела. Најголемиот (главен) панел, е оној дел од работната околина, каде што вашата краеција визуелно ќе можете да ја корегирате; левиот вертикален панел е местото каде што се наоѓаат мултимедијалните датотеки од вашиот хард диск, кои можете да ги вметнете во вашата креација, или пак, веќе сработените документи. Долниот дел е разервиран за третиот панел, којшто ги содржи сите копчиња кои би можеле да ви послужат околу вашите сетинзи за разните слоеви (layers), бои, резолуции и формати. Тука се наоѓаат и веќеспоменатите тркалца за промена на бојата и RGB векторскоп (графичко-векторска величина за промена на длабочината на боите). Новина во Combustion 2008, e и поддршката за OpenGL технологијата, којашто ја намалува побарувачката на големи системски ресурси, а воедно ја забрзува работата на веќе постарите компјутерски системи. Ова го надополнува самиот факт што Combustion 2008 ја намалува потрошувачката на RAM меморијата при real-time процесирањето на сликите или клиповите со висока резолуција. Со OpenGL технологијата се отвара патот и кон 8, 10, 12, 16, и 32-битното процесирање. 3D моделацијата е нешто што бараше специјална графичка картичка во постарите изданија на Combustion. Со оваа верзија ќе немате потреба од нова графичка картичка, а 3D моделирањето е вистинско уживање. Шематскиот приказ на полигоните коишто може да се рендерираат во реално време, со помош на OpenGL, ви овозможува приказ на вистински карактери, гримаси, чувства – ако станува збор за хумани анимации; или пак реални експлозии, огнови, чадови, светлински ефекти на едно место. Генерирањето на буквите ќе ве стави во положба и самите да пробате да цртате графити, но ја има и можноста за поддршка на Adobe PostScript фонтови и арапските и кинески (десно кон лево) фонтови. Секако тука станува збор и за 3D моделирање на фонтовите и нивна анимација. Timewarp опцијата која може да ја најдете во секцијата Tools > Effects во долниот панел има задача да го забрза или успори времето на вашата анимација или клип – опција позната како slow-motion. Маските, Freehand, Rectangle и Ellipse Тools, се алатките кои ја имаат истата примена како и во Photoshop, Corel Painter, After Effects. Филмските алатки се уште една новина во Combustion 2008. Можете да го експортирате сработеното во WMA, AVI и Quick Time формати, но и да ги интегрирате како посебни секвенци во вашата монтажа, на филмската лента. Брановите што ќе ги забележите веднаш под филмската лента се аудио ефектите во вашиот филм (реклама), исто така со поддршка на WAV, AIFF, WMA и Quick Time форматите. Сработените видео материјали може да ги зачувате во PAL, NTSC и HDTV стандардите.

Ова беа само дел од новите имплементирани технологии во Combustion 2008, но просторот не ни дозволува да набројуваме уште. Со оглед на цената, се надеваме дека ве заинтригиравме со можностите и чудата што ни ги нудат Аutodesk, со нивниот најпродаван (секако, после AutoCad) продукт, Combustion 2008.

ENTER31

Нема коментари: