четврток, 14 февруари 2008

Adobe Ovation

Power Point презентации за уживање

Power Point презентациите станаа наше секојдневие. На секојдневните предавања, без разлика дали станува збор за факултетските, проектите на основците, и секако на компаниите кои ги презентираат своите производи, се води сметка за поголем број на насмеани лица, со што се добива до знаење дека презентацијата е успешна. На сметка на успешноста пристигаат и овациите и ракоплескањата. Токму во подолу опишаниот текст ќе ве запознаеме со нова апликација од Adobe, koja сe нарекува, токму овации, или на англиски Ovation.

Оваа апликација нуди голем број на можности. Основните опции на оваа апликација е претворањето на вашите Power Point презентации во динамични 3D проекти, high definition резолуции, потребни за големите прожектори, и најлесната и најосновната опција, а таа е лесното манипулирање и со Power Point, и со Ovаtion едновремено. Power Point – от може во многу случаи да биде и досаден, и не многу инвентивен, доколку сакате да го разбудите уметникот во вас. Секако мора да се спомене дека мора до го имате инсталирано Office пакетот, и тоа Office 2002/2003/XP или најновиот 2007, од едноставна причина што ќе морате да го напишете текстот во Power Point. Со самата инсталација се додава и Оvation мени со алатки во Power Point. По стартувањето на Ovation ќе ве пречека интересен интерфејс, многу полесен од Power Point. Затоа Ovation, полека се искачува на тронот, превземајќи му го тоа место на Power Point. Интерфејсот е поделен на три дела, и тоа лев панел којшто е поголем, и служи за прикажување на разните темплејти, наречени Power Looks, десен дел кој ни служи за разгледување на слајдот, односно презентацијата, и третиот којшто се наоѓа веднаш под нив е да одлучите колку долго ќе трае слајдот, во зависност од тоа колку долго ќе се обидувате да говорите (презентирате). Во горниот дел се веќе резервираните File, Help, Tools а под нив оддесно се копчињата Choose Look, да одберете кое Power Look највеќе ви одговара, Present, копче кое ви дава до знаење за текстот којшто следи и Options, за опциите во смисла кои реченици да ги изберете на почетокот и завршетокот на презентацијата, или да вметнувате сликички кои можaт да бидат олицетворение на вашата креативност. Оддесно, исто така има три копчиња за навигација, и тоа Start, P и Help. Start служи за започнување на презентацијата, P ви служи за конвертирање од Power Point во Ovation, и Help фајлот кој има околу 150 страници со објаснување за користење. Под овие копчиња се наоѓа и часовникот кој ви покажува колку време ви преостанува до завршетокот на презентацијата, или наједноставно – колку е часот во моментот. Имате две опции за зачувување на сработеното, да го зачувате како презентација во Power Point со .ppt екстензија, или пак, да го експортирате во Ovation Player со .ovp екстензија. Од друга страна, кога станува збор за зачувување во Power Point презентација, ќе бидете во моижност да избирате помеѓу Ovation Style (новиот подобар стил), Power Point Style (обичниот стил) и Custom Style (вашите побарувања во однос на презентацијата), таа може да биде микс и од Power Point и од Ovation. Во средниот панел, како што веќе кажавме се содржани сите темплејти (Power Look). Од нивната лева страна има друго мени за разните Power Look-ови, односно, оние кои се највеќе употребувани, нивната категоризација по име, боја, стил, и неизбежното download-ирање на нови интересни Power Looks.

Успешноста на презентациите нека станат ваше секојдневие, овациите во ниеден момент да не престанат, и имајте успешен живот. Почитувани, ако успешноста се базира на презентациите, тогаш барем еднаш спомнете не за нашата препорака на Adobe Ovation до сите вас.

Со среќа!!!

Дејан Зафировски

Нема коментари: